16-годиниот Ламин Јамал е новиот јунак на Барселона. Ова „голобрадо“ момче го постигна победничкиот гол во дуелот со Мајорка.

Натпреварот од 28.коло на Ла Лига, Барселона долго се мачеше да го скрши отпорот на противникот.

Шанса за тоа во првиот дел имаше Гундоган кој во 24.минута не реализира пенал.

Офанзивната игра конечно вроди со плод во 73-тата минута кога Јамал на ефектен начин ја затресе мрежата на Мајорка.

Со оваа победа, Барселона ја мина Џирона и е на второто место на табелата зад Реал кој има пет бодови повеќе.

Ривалите на Барса викендов ги играат натпреварите од оваа рунда.