Актуелниот шампион на Италија, Наполи не успеа да ја забележи трета последователна.

Во дербито од 28.коло одиграно на стадионот „Диего Марадона“, дуелот меѓу Наполи и Торино заврши без победник 1-1.

Иако домаќините во 61.минута со голот на Кварацкелија поведоа со 1-0, нивната радост не траеше долго.

Само три минути подоцна (64), Санабрија на ефектен начин со „ножички“ го израмни резултатот.

Шампионот со сите сили се обиде повторно да постигне гол и да стигне до победа, но тоа не се случи.

Наполи со 44 бодови е седмата позиција во Серија А, додека Торино е 10-ти со 38.