Атлетико Мадрид славеше над  Бетис со резултат од 2:1 со што „црвено-белиот” дел од Мадрид се врати на победничките патеки.

Прв удар зададе Атлетико Мадрид во 8.та минута кога голманот на Бетис Руи Силва си постигна авто-гол. Во 28-та минута Алваро Мората промаши од белата точка. Сепак до крајот на првиот дел се поправи Мората и го зголеми резултатот на 2:0.

Во вториот дел Бетис проба да се врати на натпреварот.

Вилијам Карваљо во 62.та минута го врати натпреварот на 2:1. Но Бетис немаше сила за повеќе. И со тој резултат заврши натпреварот.

Атлетико сеуште е 4-ти во Ла Лига со 55 бода на 27 натпревари. Бетис пак се на 6.место со 42 бода на 27 натпревари.