Сите натпревари од 21-то коло во Првата македонска фудбалска лига ќе се играат денеска.

Дуели во Тетово и Кратово, треба да ја одбележат оваа рунда.

На градскиот стадион во Тетово, трето рангираната Шкендија го превлекува скопски Вардар. Двете екипи гравитираат на дијаметрално спротивни делови од табелата. Тетовци во трка за шампионската титула, а вардарци за бегство од опасната зона. Бодовите се неопходни, па затоа и се очекува голема борба на овој дуел.

Во Кратово, четврто пласираниот Силекс ќе го пречека актуелниот шампион Струга Трим Лум. Првенствено, гостите не смеат да си дозволат „кикс“ доколку сакаат да го одржат чекорот со водечкиот Шкупи. И на кратовци бодовите и тоа како им се потребни. Иако во моментов е четврто пласиран, сепак Силекс има само седум бода повеќе од Воска спорт и Вардар кои се во „опасната“ зона.

И за останатите четири натпревари, за сите екипи, важи императивот на освојување на трите бода.

Оттаму денеска може да очекуваме исклучително интересни и борбени дуели.

Сите натпревари ќе почнат од 14 часот, а може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА – 21.КОЛО
недела (14 часот)

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР
СИЛЕКС – СТРУГА Т.Л.
ШКУПИ – ТИКВЕШ
ГОСТИВАР – БРЕРА СТРУМИЦА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА

Standings provided by Sofascore