Попладнево ќе го добиеме првиот освојувач на трофеј во женската кошарка за тековната сезона.

Во СЦ „Кале“ ќе се игра финалето на годинашното издание на Купот на Македонија.

За пехарот, како и лани ќе се борат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Баскет Кам.

Аеродроми кои само втор пат играат на завршницата на Купот, повторно се во финалето. И екипата на Баскет Кам е со „симетрични“ бројки. За тимот од Македонска Каменица ова е четврто учество и четврто финале во низа.

МЗТ Скопје го „брка“ вториот, а Баскет Кам третиот трофеј во ова натпреварување.

Аеродромки лани во дербито на купот успеаја да стигнат и до трофејот победувајќи го токму Баскет Кам со 72-60.

Во двата претходни свои настапи во финалето (2022 и 2021 година), актуелниот шампион, Баскет Кам го освојуваше трофејот совладувајќи го Бадел.

Кому годинава ќе му се „насмевне среќата“, останува да видиме по финалниот меч чиј почеток е закажан ва 16.15 часот.