Кошаркарите на Работнички очекувано стигнаа до 14-тата победа во Првата македонска лига.

Во натпреварот од 18.коло одигран вечерва во СЦ „Кале“, Работнички лесно се справи со Академија ФМП. Славеа „црвените“ со убедливи 47 разлика и барем за миг избија на првото место на табелата.

Работнички победата ја најави уште во првото полувреме. Ги добија првите две четвртини со 24-10 и 23-7, па на одмор заминаа со 30 поени разлика (47-17). Второто полувреме беше чиста формалност, а Работнички го затвори натпреварот со конечни 99-52.

Џелетовиќ со 18 поени беше најдобриот стрелец во победничката екипа, за која Ефремовски постигна 12.

Работнички сега има 32 бодови и изби на првата позиција на табелата, со бод повеќе од МЗТ Скопје и Чаир. Лутиот ривал МЗТ Скопје во овие моменти го игра дуелот со Феникс.