Екипите кои претендираат за највисок пласман во Втората кошаркарска лига, Маџари и Шкупи забележаа нови победи.

Тие во дуелите со Работнички 2 и Соколи ја оправдаа фаворитската улога.

Иако „навидум“ во првите полувремиња, противниците беа рамноправи, во вторите Маџари и Шкупи ги скршија новните отпори.

Второ пласираниот тим на табелата Маџари пред своите симпатизери го совлада Работнички 2 со убедливи 20 поени разлика 94-74. Тимот од оваа скопска населба ја забележа 13-тата победа и остана на втората позиција.

Трето рангираниот Шкупи има една победа помалку. Екипата од скопски Чаир вечерва во Штип славеше над Соколи со 89-78.

Вчера во рамките на 17-тото коло беа одиграни два натпревари, а оваа рунда ќе биде комплетирана утре со дуелот Водно Санс – Ангели.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 17.КОЛО
недела

МАЏАРИ – РАБОТНИЧКИ 2018 94-74
СОКОЛИ – ШКУПИ 78-89
сабота
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – МКК КУМАНОВО 87-92 (81-81)
МЕГА БАСКЕТ – БОРЕЦ БАСКЕТ 78-67
понеделник
17.30 ВОДНО САНС – АНГЕЛИ
Слободен ТЕТЕКС

ТАБЕЛА: МКК Куманово 34, Маџари 32, Шкупи 31, МЗТ Скопје У.Б. 27, Ангели 26 (-1 натпревар помалку), Борец баскет 25, Соколи 24, Мега Баскет 24, Работнички 2018 22, Водно Санс 21 (-1), Тетекс 18.