Победничката низа на одбојкарките на Струмица жени продолжува. Сега таа изнесува 17 триумфи во низа во прволигашката конкуренција.

Во локалното струмичко дерби лидерот на табелата славеше над Наковски волеј со 3-1 во сетови. По релативно лесно добиениот прв сет со 26:17, во вториот тимот на Наковски волеј заигра далеку подобро. По голема борба домашниот тим дојде до израмнување (1-1) добивајќи го сетот со 25:20. Тоа пак како да ги разлути „гостинките“ кои во следните два сета на продавачките препуштија 16 односно 13 поени.

Струмица жени ќе ја имаат првата стартна позиција во разигрувањето, тоа одамна е јасно. На втората претендира екипата на Јанта волеј која во понеделник ќе го игра својот меч од третото коло на Втората фаза-1. Во Кисела Вода, ќе гостува актуелниот шампион екипата на Работнички.

И во т.н. фаза-2 или плејаутот, работите се повеќе од јасни. Сотавот на Фит Фан волеј иако го загуби првиот сет, сепак го доби мечот против Вардар ЕМ со 3-1. Очекувана максимална победа остварија и одбојкарките на Младост УГД.

ПРВА ПЛЕЈ-ОФ ЛИГА (ЖЕНИ) – 3.КОЛО
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – СТРУМИЦА ЖЕНИ 1-3
ЈАНТА ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧКИ  (понеделник, 20 часот)

ТАБЕЛА: Струмица жени 17-0, Јанта волеј 12-4, Работнички Скопје 9-7, Наковски волеј 9-8.

ПРВА ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА (ЖЕНИ) – 3.КОЛО
ВАРДАР ЕМ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 1-3
МЛАДОСТ УГД – ВАРДАР ЖЕНИ 3-0

ТАБЕЛА: Фит фан волеј 9-8, Младост УГД 7-10, Вардар ЕМ 4-13, Вардар жени 0-17.