Во последниот натпревар од 4.коло од Супер лигата плеј оф Охрид ја пречекува екипата на Алкалоид, која во пресрет на ова коло беше лидер на табелата. Но, по вчерашниите дуели и победата на шампионот Еурофарм Пелистер над Пролет сега битолчани се на првата позиција на табелата. Победа за Алкалоид ќе значи и враќање на првата позиција.

Теренот на Охрид во изминатиов период се покажа како незгоден за многу од фаворитите, особено што оваа сезона тимот е предводен од Стевче Алушевски. Воедно со победа екипата од Охрид ќе биде во ТОП 3 екипи на табелата.

Почетокот на дуелот е во 18:30 часот, а дербито ќе го судат нашите меѓународни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола, а делегат е Марјан Начевски од Скопје.

Резултати на натпреварите од 4.коло Супер лига плеј оф: Вардар – Струга 29:20, Е.Пелистер – Пролет 32:29 и Бутел – Тиквеш 21:22.

Табела: Е.Пелистер 13 бодови, Алкалоид 12, Тиквеш 10, Вардар 9, Охрид 8, Пролет 3, Бутел 1, Струга 0.

Резултати на дуелте од 4.коло Супер лига плеј аут: Мулти Есенс – Е.Пелистер 2 32:28, Скопје 2020 – Вардар Неготино 27:30, Голден Арт – МРК КУманово 24:27. Прилеп – Аеродром 10:0.

Табела: Прилеп 14, МРК Куманово 10, Е.Пелистер 2, Вардар Н. 9, Мулти Есенс 7, Голден Арт 6, Скопје 2020 3, Аеродром -2.