По поразот од Интер во гости, Аталанта го забележа и третиот пораз на домашен терен оваа сезона. Имено, домаќините од Бергамо загубија од Болоња со 2:1 и покрај водството од 1:0 на полувремето.

Во првото полувреме Аталанта дојде до предност од 1:0 во 28-тата минута кога Адемола Лукман прекрасно биеше за водство на својот тим.

Без поголеми прилики до крајот на првиот дел играчите на двете екипи заминаа во соблекувалната.

Џошуа Зиркзе успеа да го врати својот тим во натпреварот со гол од белата точка во 57-та минута за 1:1.

Само 4 минути подоцна Луис Фергусон се запиша во листата на стрелци и Болоња дојде до пресврт и водство од 2:1.

Крајниот резултат остана 2:1 за гостите.

Со оваа победа, Болоња останува на четвртата позиција со 51 освоен бод, 5 повеќе од шестопласираната Аталанта и 5 помалку од третопласираниот Милан.