Женската репрезентација на Македонија го одигра реванш натпреварот со Шпанија од квалификациите за Европското првенство. Иако македонските ракометарки одиграа далеку подобро од првиот меч во Скопје, сепак тоа не беше доволно да се избегне поразот. Фаворитот Шпанија повторно славеше сега со 24:20.

Македонија го започна натпреварот одлично и поведе со 3:1. Шпанија сепак брзо успеа да израмни а, потоа и поведе со 4:3. по што следеше серија 2-0 за Шпанија и водство од 6:4.

Нашата репрезентација не се откажа и во 16-тата успеа да израмни на 7:7. Во наредните 5 минути се играше израмнето и гол за гол. Шпанската репрезентација со серија од 2-0 успеа да поведе со минимални 10-8. На полувреме Шпанија замина со 10:9.

На почетокот на втората половина Македонија преку Кипријановска успеа да израмни на 10:10, по што Шпанија со серија 2-0 поведе со минимални 12:10.

Во 47-тата минута со серија 6-0 таа ја зголеми предноста на 19:12. Иако нашата репрезентација се обидуваа да ја намалат негативата Шпанија не дозволуваше и само ја зголемуваше предноста. Во 55-та минута Шпанија имаше водство од +5 (23:18). Крајниот резултат гласеше 24:20. 

Најефикасни од нашата репрезентација Кипријановска и Маџовска со три погодоци, додека Гичовска, Коларовска и Ристовска дадоа по два гола.

Прва на табелата моментално се наоѓа Шпанија со осум бода, Македонија на второто место со 4 бода, а Литванија и Азербејџан имаат по 2 бода и се третата и четвртата позиција.

Македонија следниот натпревар го игра на 3.април на гости против Азербејџан, а во последното коло на 7.април е домаќин на Литванија.

Ивона Кимовска