Кошаркарите на ТФТ славеа до дербито со Пелистер во Првата машка лига.

Воведниот натпревар од 18.коло одигран во СЦ ,,Кале”, тимот на ТФТ го доби со 77-66 .

Првото полувреме мина во израмнета игра. Гостите подобро го отворија натпреварот, имаа и седум поени предност, а на првата пауза заминаа со три (19-22). Домашниот состав одигра поквалитетно во втората четвртина, па на полувреме заминаа со поен предност 34-33.

Тешко одеше поентирањето на битолчани, па во 24.минута ТФТ стигна до осум предност 42-34. Таквата разлика остана и на крајот на третиот период 51-43.

До првата двоцифрена предност ТФТ дојде во 31.минута со водството 56-46. Веќе во 34-тата беше +17 (67-50). Немаа сили зелено-белите да ја анулираат негатива, па ТФТ славеше со конечни 77-66.

Најефикасен во победничката екипа беше Луис со 17, додека Хотон постигна 13. Дабл-дабл учинокот на Планиниќ со 21 поени и 15 скокови остана без ефект за пелистерци.

Со овој исход сега двата тима имаат по 30 бодови и се на 3 и 4.место на табелата, во исчекување на другите мечеви.

Ова е првиот од четирите натпревари што на програмата се денеска. Останатите два ќе се играат утре.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 18.коло
сабота

ТФТ – ПЕЛИСТЕР 77-66
16.00 ВАРДАР – КОЖУВ
18.00 ОХРИД – ЕУРО НИКЕЛ
19.00 ЧАИР – ГОСТИВАР
недела
19.30 РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ФМП
20.00 ФЕНИКС – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ