Во натпревар со пет гола Севиља го победи Сосиедад со 3:2. Домаќините дојдоа до многу важни 3 бода во борбата за опстанок.

Севиља брзо поведе со 2:0. Ен Несири со два гола во 11-та и 13-та минута донесе водство за Севиља.

Реал Сосиедад го врати резултатот на 2:1 преку Андре Силва од пеналот во петата минута од судиското продолжение во првиот дел.

Второто полувреме почна побавно за разлика од првото. Сепак Серхио Рамос успеа да го најде патот до мрежата и да го зголеми резултатот на 3:1.

Браис Мендес влеа малку надеж во 92.та минута кога постигна гол за 3:2. Но со тој гол се стави и печат на натпреварот.

Севиља дојде до многу важна победа и 3 бода. По 27 натпревари Севиља сега има 27 бода и се наоѓа на 14.та позиција, 3 бода од 17.та позиција и 9 бода од опасната зона.

Реал Сосиедад ја губи полека трката за Лига на Шампиони. На 27 натпревари Реал Сосиедад има 40 бода и е на 7.та позиција.