Возачите на Ред Бул, со еден-два победа триуфално ја започнаа и оваа 75-та сезона во Формула 1 шампионатот.

Холандскиот возач, Макс Ферстапен, тргна од пол-позицијата и со доминантно возење стигна до победата на трката за ГН на Бахреин.

За Верстапен ова беше 55-та победа во кариерата, а втор заврши неговиот клупски колега Серхио Перес.

На третата и четврта позиција завршија возачите на Ферари, Карлос Саинц и Шарл Леклер.

Во бодови завршија уште и Расел, Норис, Хамилтон, Пјастри, Алонсо и Строл.

Следната трка се вози во Саудиска Арабија следниот викенд на 9 март и тоа повторно во сабота.