Столе Димитриевски и неговиот тим Рајо Ваљекано имаа натпревар за заборав ова коло во Ла Лига. Столе не успеа да сочува мрежата, а пак Рајо не успеа ни да го совлада Кадиз со кој одигра само 1:1.

Првиот дел беше доста мирен. На полувреме се замина до стартните 0:0. Столе имаше две одбрани на неговиот гол.

Во вториот дел Рајо тргна фуриозно и по победа. Столе имаше само една опасност кон неговиот гол која ја отстрани. Натпреварот беше прекинат во 61-та минута.

Во 89-а минута се обиде да стави печат на натпреварот Лежеуне со неговиот постигнат гол.

Но, во 13-та минута од судиското продолжение (103-та) Хави Хернандез постигна гол за 1:1.

Рајо и Столе остануваат на 15.та позиција во Ла Лига со 26 бода на 27 одиграни натпревари. Кадиз сеуште е на 18.то место во зоната на испаѓање до 19 бода на 27 одиграни кола.