Екипата на Вардар ја очекува тежок предизвик во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија, кај дамите.

Вардарки на патот до големото финале ќе се соочат со бранителките на трофејот од лани, кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром.

Капитенката на вардарки Симона Деловска, очекува неизвесни натпревари, а верува дека вложениот труд ќе донесе резултат.

„Со оглед на тоа дека сите екипи во меѓувреме се засилија, навистина не знаеме што може да очекуваме.

Фокусот ни е на полуфиналето, во кое ќе го дадеме максимумот.

Верувам дека трудот што го вложивме во тренажниот процес ќе донесе резултат“,
изјави Деловска.

Полуфиналната пресметка меѓу Вардар и МЗТ Скопје Аеродром е закажана за утре во СВ „Кале“ од 18.30 часот.