Актуелниот шампион тимот на Баскет кам е благ фаворит за освојување на трофејот во Купот на Македонија во женска конкуренција.

Со ова согласни се речиси сите актери учесници на завршницата која почнува утре со полуфиналните натпревари во СЦ „Кале“.

Улогата на фаворит секако е и обврска за оваа екипа, која неколку години наназад игра во финалните натпревари.

Капитенката на екипата од Македонска Каменица, Катерина Поп Димитровска, очекува нејзиниот тим да го осои трофејот.

„Можам да кажам дека нé очекуваат возбудливи кошаркарски викенд, поради квалитетот на самите екипи кои што ќе се натпреваруваат, а со тоа е многу несвесни натпревари.

Ние сме подготвени и премногу мотивирани да покажеме најдобра игра и се надевам тоа ќе ги го донесе она што го посакуваме, а тоа е трофејот“,
вели Поп Димитровска.

Првата пречка за Баскет кам ќе биде екипата на Крива Паланка против која ќе игра во утрешното прво полуфинале (16 часот)