Екипата на Кива Паланка само втор пат во клупската историја ќе игра на завршницата на кошаркарскиот Куп на Македонија.

Во првото полуфинале, закажано за утре (сабота), Крива Паланка ќе го предизвика актуелниот шампион Баскет Кам.

Јасно им е на кошаркарките на Крива Паланка, дека противникот е фаворит, но тие сигурно нема да излезат со „бело знаме“. Капитенката на екипата Михела Алексовска, сепак верува во во своите соиграчки дека ќе се бодат до крај.

„Најпрвин да им посакувам среќа на сите екипи.

Сигурна сум дека сите натпревари ќе бидат одлични за гледање.

Но, јас верувам во нашиот тим и сигурно дека ќе го дадеме максимумот за зошто подобро успех“, истакнува Михела Алексовска

Дуелот Баскет Кам – Крива Паланка е прв од полуфиналната рунда. Ќе се игра утре (сабота) од 16 часот.