Најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија денеска го имаше собирот за претстојните два натпревари против Шпанија во квалификациите за ЕП 2024-та.

Во хотелот „Александар Палас“ селекторот Кристијан Грчевски ја имаше првата прозивка, на 20-те ракометарки кои се на неговиот список.

По победите над Азербејџан и Литванија, атмосферата во репрезентацијата е на високо ниво, па со позитивна мисла и енергија, ракометарките ќе ги чекаат дуелите до Шпанија.

Ова меѓу останатото го истакнува капитенот во националниот состав Елена Ѓоргиевска.

„Играме со велесила како што е Шпанија.

Ова е добра можност за нас да видиме со што располагаме, но и добра можност за напредок како репрезентација“,

нагласува Ѓоргиевска.

Првиот натпревар Македонија и Шпанија ќе го играат во Скопје. Дуелот на програмата е во четвртот (29 февруари) од 18 часот. РФМ веќе информира дека влезот за натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде слободен.

Вториот натпревар се игра во Ланзароте на 3 март од 17 часот.