Во второто по квалитет европско клупско натпреварување, Лигата на Европа, вечерва се играат реванш дуелите од шеснаесетина финалето.

Во ефикасен натпревар во кој беа постигнати дури пет гола, францускиот рен го совлада Милан со 3:2. Сепак тоа беше далеку од доволно за Рен да мине во осминафиналето. Милан на првата средба победи со 3:0, а со вкупни 5:3 италијанскиот тим оди понатаму.

Во следната фаза ќе ја гледаме и португалската Бенфика која ја сочува предноста од првиот меч против Тулуз против кого вечерва одигра без голови.

На другите два натпревари беа одиграни дополнителни 30 минути. Фрајбург и Ленс во регуларните 90.минути одиграа без голови. Германскиот тим во продолжението постигна два и оди понатаму.

Во следната фаза е и Карабах кој со вкупни 6-5 по двата меча ја елиминира португалската Брага.

Oстанатите четири натпревари од оваа рунда започнаа од 21 часот

Лига Европа 1/16 финале реванш натпревар
од 18.45 часот
РЕН – МИЛАН 3-2 (0-3 прв натпревар)
ТУЛУЗ – БЕНФИКА 0-0 (1-2)
ФРАЈБУРГ – ЛЕНС 2-0 по продолжение 0-0 (0-0)
КАРАБАХ – БРАГА 2-3 по продолжение 0-2 (4-2)
од 21.00 часот
РОМА – ФЕЕНОРД (1-1)
О. МАРСЕЈ – ШАХТЈОР (2-2)
СПАРТА ПРАГА – ГАЛАТАСАРАЈ (2-3)
СПОРТИНГ Л. – ЈАНГ БОЈС (4-1)