Првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу ПСВ и Борусија Дортмунд заврши без победник. На дуелот одигран во Ајндховен, двете екипи постигнаа по еден гол (1:1).

Во отворен натпревар во кој двете екипи играа напаѓачки, можеа да бидат постигнати и повеќе голови.

Сепак нерешениот резултат е најреален исход на натпреварот.

Гостите поведоа во првото полувреме со голот на Дониел Мален. Фудбалерот кој токму од ПСВ мина во редовите на „Милионерите“ погоди во 24-тата минута за 1:0 за Борусија.

Тоа беше и резултат од првиот дел. Во вториот домаќините стигнаа до израмнување.

Во 56-тата минута Матс Хумелс направи прекршок за најстрога казна. Сигурен реализаторот на пеналот беше Лук де Јонг за 1:1.

Иако двата тима се обидуваа да стигнат до втор гол и евентуална победа, сепак тоа не се случи.

Така реваншот закажан за 13 март во Дортмунд, практично ќе почне од нула.