Откако вчера Гостивар и Вардар го отворија пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ, денеска на програмата нови пет натпревари од 19-тото коло.

Актуелниот шампон и лидер на првенствената табела Струга Трим Лум гостува кај Работнички.

Интересно се очекува да биде и во Ѓорче Петров каде „реконструираната“ Македонија ќе ја пречека тетовска Шкендија.

Второ пласираниот тим на Шкупи е домаќин на Воска спорт, а во Кратово кај Силекс ќе гостува струмичка Бреара.

Последниот денешен натпревар ќе се игра во Штип, каде Брегалница ќе го угости кавадаречки Тиквеш.

Сите натпревари ќе започнат во терминот од 14 часот, а може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ

ПРВА ЛИГА – 19.КОЛО
недела

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА Т.Л.
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ
СИЛЕКС – БРЕРА СТРУМИЦА
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ
сабота
ГОСТИВАР – ВАРДАР 1-1

Standings provided by Sofascore