Со дербито во Автокоманда што ќе се игра вечерва ќе биде комплетирано 2.коло во суперлигашката плеј-оф конкуренција.

Екипата на Алкалоид која на изминатите 15 натпревари во Супер лигата има исто толку победи е домаќин на кавадаречки Тиквеш.

Вицепрвакот Алкалоид кој е еден од конкурентите на шампионскиот трофеј и годинава, секако ќе ја има улогата на фаворит во овој натпревар.

Тиквеш пак од другата страна ќе се обиде да му ги „помрси сметките“ на противникот, а водено да остане во горниот дел од табелата.

Во моментов Алкалоид е на 4.место на табелата со 6 бодови колку што има и трето пласираниот Вардар, а зад нив е Тиквеш со 4. На првите две места се Еурофарм Пелистер и Охрид со по 8 бодови.

Дербито во Автокоманда, меѓу Алкалоид и Тиквеш ќе почне во 19.15 часот, а ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ

СУПЕР ЛИГА (мажи) ПЛЕЈ-ОФ 2.КОЛО
недела
19:15 АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ
сабота
БУТЕЛ СКОПЈЕ – Е. ПЕЛИСТЕР 24-28
ОХРИД – СТРУГА 31-26
петок
ВАРДАР – ПРОЛЕТ 32-18