Претстојната седмица во Скопје, се закажани две (2) Собранија на Македонскиот Олимписки Комитет.

Првото по иницијатива на делегати кои бараат промени во МОК, а второто од управувачките од самата олимписка организација. 

Поделбата е јасна, но јасно е дека и Меѓународниот Олимписки Комитет (ИОК) е со дециден став. 

Имено ИОК, во дописот до канцеларијата на МОК, го признава како легитимно, единствено редовното изборно собрание на МОК, закажано на 8 февруари. Секоја друга иницијатива или состанок, свикани и организирани надвор од официјалниот статут на МОК, е нелегитимна и неприфатлива за ИОК.

Во писмото на ИОК се вели. 

„Како што веќе беше споменато во нашата комуникација од 30 јануари 2024 година , сакаме повторно да потврдиме дека ниту еден состанок на вашиот НОК (МОК)
не може да се свика или одржи надвор од јурисдикцијата и овластувањата на вашиот НОК.
Разбираме дека вашето Изборно Генерално собрание на НОК е уредно свикано од вашиот НОК во согласност со вашиот Статут на НОК
и ќе се одржи на 8 февруари 2024 година.
Следствено, се очекува членовите на вашиот НОК да присуствуваат на Изборното Генерално собрание на НОК на 8 февруари 2024 година
и да не се поврзуваат со некоја паралелна „средба“ или „иницијатива“.
Ве молиме информирајте не за резултатите од вашето Изборно Генерално собрание на НОК на 8 февруари 2024 година.“