Екипата на Тотенхем одигра нерешено на гостински терен против Евертон – 2:2. Младиот Џарад Брантвејт му донесе бод на Евертон во судиското надополнување.

Уште на самиот старт на натпреварот екипата на Тотенхем дојде до водство од 1:0 а стрелец на погодокот беше Ришарлисон во 4-тата минута.

Џек Херисон успеа да изедначи на 1:1 во 30-тата минута, тој по удар со глава од близина го совлада Викарио.

Мајсторијата на Ришарлисон му донесе повторно водство на Тотенхем овој пат со 2:1 пред крајот на првиот дел (41-та минута).

Во второто полувреме екипата на Анте Постекоглу ја одржуваше предноста се до судиското надополнување, кога младиот Џарад Брантвејд постигна погодок за 2:2 и му обезбеди бод на Евертон.

Со овој бод, Тотенхем останува на четвртата позиција на табелата со 44 освоени бодови, 2 помалку од Сити и Арсенал (кои имаат натпревар помалку) и 7 зад лидерот Ливерпул. Евертон пак, излезе од опасната зона и е на 17-тото место.