Симболичен настап на македонските претставници, на Зимски младински олимписки игри што се одржуваат во Гангвон, Јужна Кореја.

Македонија на замина со четворица претставници.

Во денешната трка на 7,5км класик, Давид Торевски од 78 учесници во трката, заврши на 70 место. Тој заостана 6 минути и 11 секунди зад победникот Мох од Германија.

Нашата натпреварувачка Матеа Трајковска во истата дисциплина не стартуваше.

Со ова и со овие резултати завршија настапите на нашите спортисти на овие Младински Олимписки Игри во Јужна Кореја, на кои симболичен настап имаа и Андријана Кајевска и Благојче Најденоски.