Во трите денешни натпревари започнува четвртиот турнир во кошаркарската АБА2 лига.

На турнирот во Нови Сад, кој е претпоследен, ќе бидат одиграни по три натпревари.

Прв од трите македонски претставници што ќе настапи е ТФТ. Тимот од скопската населба Тафталиџе, вечерва од 21 часот ќе игра против црногорската екипа Подгорица.

Избраниците на тренерот Боро Смилковски досега само еднаш се радуваа на победа и заедно со Шибенка се на двете последни места на табелата.

Подгоричаните се петти и имаат четири победи досега како и МЗТ Скопје Аеродром кој е четврти.

Аеродромци ќе играат утревечер, а дури в среда својот натпревар од 8.коло ќе го одиграат кошаркарите на Пелистер

АБА 2 ЛИГА (4-ти турнир, Нови Сад)
8.коло
Понеделник, 29.01.2024 ПОДГОРИЦА – ТФТ 21:00 часот
Вторник, 30.01.2024 ШЕНЧУР – МЗТ СКОПЈЕ А. 21:00
Среда, 31.01.2024 ШИБЕНКА – ПЕЛИСТЕР 15:00
9.коло
Среда, 31.01.2024 ТФТ – СПАРТАК 18:00
Петок, 02.02.2024 ПЕЛИСТЕР – ХЕЛИОС 15:00
Петок, 02.02.2024 МЗТ СКОПЈЕ А. – ШИБЕНКА 18:00
10.коло
Сабота, 03.02.2024 ШЕНЧУР – ТФТ 12:00
Недела, 04.02.2024 СУТЈЕСКА – ПЕЛИСТЕР 12:00
Недела, 04.02.2024 МЗТ СКОПЈЕ А. – ВОЈВОДИНА 18:00