Распоредот на натпреварите во 12.коло, овој викенд донесе само два прволигашки натпревари,  во женската конкуренција, односно поквалитетната, групата „А“.

Во пресрет на дербито меѓу двете првопласирани екипи, Баскет кам и Вардар, се одиграа два натпревари.

Мало изненадување е победата на Пробаскет, која пред своите навивачи го совлада МЗТ Скопје Аеродром со 77:73.

Крива Паланка ја оправда улогата на фаворит и на гостувањето во Струга славеше убедливо со 71:38.

Утре вечер, од 20 часот, во салата „Перо Наков“, екипата на Куманово-Гризли е домаќин на засилениот Бадел.

Ден подоцна (среда) во истиот термин (20 часот) во СРЦ „Кале“ ќе играат двете најдобри екипи во лигата, Баскет Кам и Вардар.

ПРВА „А“ ЛИГА (ЖЕНИ) – 12.КОЛО
ПРОБАСКЕТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 77:73
СТРУГА – КРИВА ПАЛАНКА 38:71
вторник
20.00 КУМАНОВО ГРИЗЛИ – БАДЕЛ
среда
20.00 БАСКЕТ КАМ – ВАРДАР

ТАБЕЛА: Вардар 21 (-1), Баскет кам 20 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 20, Крива Паланка 18, Пробаскет 17, Куманово-Гризли 16 (-1), Бадел 14 (-1), Струга 12.