Вечното кошаркарско дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан им пропадна на црвено-белите.

Во дуелот од 18.коло на регионална АБА лига, Црвена Звезда со кошот на Дос Сантос славеше со 88-86.

Иако по првиот дел натпреварот и од далеку не навестуваше дека ќе биде неизвесен крај, сепак и овој беше вистински „трилер“.

Црвено-белите од самиот почеток го контролираа резултатот. Ги добија првите два периоди, а во вториот имаа и најголеми 21 поен разлика. Во второто полувреме Партизан одигра подобро. Се разбудија избраниците на Обрадовиќ и се вратија во игра.

Страстите зовреа на 96.секунди пред крајот кога дојде до контакт меѓу Ледеј и Гидраитис. Епилогот беше технички грешки за обајцата, но за играчот на Партизан тоа значеше исклучување. Веднаш потоа Пантер реализира три слободни фрлања и намали на четири разлика 79-83.

Со тројката на Аврамовиќ на 28-секунди до крајот црно-белите дојдоа на достижни -3 (82-85). Звездаши имаа напад, но ја загубија топката, па последниот напад му припадна на Партизан.

На 17.секунди до крајот, Аврамовиќ реализира едно од двете слободни фрлања за 83-85.

Нова шанса Партизан доби откако Недвиќ од „пенал линијата“ исто така погоди едно слободни. Во врзо изведениот напад, Лазиќ го фаулираше Нанели за три слободни фрлања. Американецот ги реализира сите и на 11.секунди пред крајот израмни на 86-86.

Бразилецот, Јаго Дос Сантос со пробив од едниот до другиот крај реализира за ново водство на Црвена Звезда 88-86, а Абрамовиќ не погоди тројка за победа.

Со оваа победа Црвена Звезда се зацврсти на врвот на табелата со три победи повеќе од Будуќност кој е втор и Партизан на третото место.