Екипата на Атлетик Билбао се „сопна“ на гостувањето кај Кадиз играјќи 0:0 и го искористи целосно киксот на Барселона.

Иако на хартија поквалитетна екипа, Атлетик Билбао беше инфериорен во споредба со Кадиз.

Во првиот дел Кадиз упати дури 8 удари во противничкиот гол. Заморот го престигна Билбао по неверојатниот триумф врз Барселона во Копа дел Реј.

Во вториот дел работите се сменија Билбао се разбуди, но не дојдоа до никаков плод. Не упатија ниту еден шут во рамките на голот на Кадиз. Залудни беа и 5-те корнери коишто ги освои Атлетик во вториот дел.

Во борбата за опстанок секој бод е важен за Кадиз. Со 16 бода сеуште се на 18.то место во Премиера со исто бодови како и Севиља која има натпревар помалку. Билбао пак не успеа да го искористи новиот киск од минатата вечер на Барселона и остана на 4.та позиција со 42 бода на 22 одиграни кола.

Андреј Велјаноски