Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски успеа да го освои второто место и да се избори за победничкиот подиум на полумаратонската трка во Мајами, САД.

Тој патеката од 21,1 километар ја истрча за 1:05.17 час. Ивановски е рекордер на Македонија на полумаратон со резултат 1:04.45 час, а настапи во групата со елитните тркачи.

Победникот на полумаратонот Соломон Кагимби од Кенија, тој патеката ја истрча за 1:04.29 час.

Следниот голем предизвик за Дарио Ивановски ќе биде маратонската трка во Севиља, Шпанија на 18.февруари.