Во спектаклот на сезоната кој ни го приреди Ла Лига, Виљареал ја матираше Барселона. Во натпревар кој поседуваше буквално се Виљареал триумфираше над Барса со 5:3.

На „Олимпискиот стадион“ во Барселона се најави добар меч уште во првиот дел.

Виљареал покажа заби и желба и таа желба им се оствари. Иско прво му беше поништен гол поради фаул Жерар Морено постигна гол за 1:0 во 41.та минута.

„Лудилото” започна во второто полувреме.

Прво Виљареал зголеми на 2:0 преку Акомач. Барса покажа дека не се предава и во 60.та и 68.та минута преку Гундоган и Педри израмни на 2:2.

Автоголот на Ерик Баи во 72.та минута го комплетираше пресвртот на Барселона. Но, „жолтата подморница” го имаше последниот збор. Гонзало Гуедеш израмни на 3:3.

Во судиското продолжение Сорлот го комплетираше вториот пресврт на натпреварот со гол за 4:3 на Виљареал. Печат стави Хозе Луис Моралес за 5:3 бо 99.та минута.

Барса не ги искористи своите шанси па затоа по 21 коло имаат само 41 бод во Ла Лига, 13 помалку од лидерот Реал Мадрид.

Виљареал игра една од полошите сезони во нивната историја, но овој триумф ќе им ја подигне самодовербата. Со овој триумф се качија на 14.то место со 24 бода на 22 натпревари.

Андреј Велјаноски