Пресврт триумф на Реал Мадрид на денешното гостување против Лас Палмас.
Со резултат од 2:1 „кралевите” преживеаа на жешкото гостување.

Натпреварот се движеше по доста нормален тек. Во првиот дел Реал Мадрид упати повеќе удари, но Лас Палмас имаше посед и свои моменти. На полувреме де џамина до резултат од 0:0.

Вториот дел донесе возбуда на двете страни. Најпрво во 53.та минута Хавиер Муњоз по експресна контра го матираше Лунин. Винициус Џуниор се покажа уште еднаш на ниво со голот што го постигна за изедначување во 65.та минута. Печат стави Орелиен Чуамени по корнерот на Крос во 84.та минута.

Со овој важен триумф Реал Мадрид е лидер во Премиера со 54 бода по 21 коло. Реал има натпревар помалку во Ла Лига. Лас Палмас падна на 8.та позиција со 31 бод по 22 натпревари.

Андреј Велјаноски 

Standings provided by Sofascore