Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас сеуште нема среќа да се израдува на победа со својот нов клуб Лајпциг.

Во дерби дуелот од 19.коло на Бундес лигата, Лајпциг убедливо загуби на гостувањето кај Штутгарт со 2-5.

Елмас и овојпат беше на клупата за резервни фудбалери, а во игра влезе во 77-та минута.

Ова беше трет пораз во низа на Лајпциг во вториот дел од сезоната во Бундес лигата. Штутгарт пак ја оствари првата победа, откако ги загуби претходните два дуели. Со оваа победа Штутгарт кој е трет на табелата сега има четири бодови повеќе од Лајпциг.

Од останатите попладневни натпревари ја издвојуваме победата на минхенски Баерн. Баварците на гостувањето кај Аугсбург немаа проблеми иако славеа минимално со 3-2.

Standings provided by Sofascore