Три меча од 17. часот беа на програмата денеска во рамките на 15.коло од Првата машка кошаркарска лига.

Феникс 2010 и Чаир 2030 забележаа важни гостински победи против тимовите кои се борат за опстанок во елитното друштво.

Феникс нагости во Гевгелија стигна до рутинска победа против Кожув со 76-95 за нивна деветта победа во шампионатот.

Странските засилувања во составот на Дервишевиќ, Рис и Хејнс Џонс по обичај беа најдобри на теренот. Рис даде 25, а Џонс 16 коша. Но тука беше и учинокот на Бојан Трајковски од 16 коша и 12 скока. 

Кај Кожув најдобар со 17 коша беше Хукиќ. Гевгеличани остануваат со само три победи и 12 порази во борба за опстанок во првата лига. 

Чаир 2030 беше убедлив денеска поентерски откако во малата сала Кале го декласира Вардар со 42 поени разлика.

На крајот на семафорот беше 60-102 за нивна десетта победа во првенстовото и делба на 4-тото место на табелата со Пелистер.

Какруки даде 22 коша, Роби 20, а Мустафица 19 коша во редовите на чаирчани. Кај Вардар Наков постигна 12, а Лукановски 10 коша. 

И во третиот меч Гостивар само го одбрани домашниот терен откако го победи Охрид со 108-86.

Ова за Гостивар е петта победа во шампионатот и важна за опстанок во елитата. 

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 15.КОЛО
Вчера
ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ 81-83 (72-72)
Денеска
КОЖУВ – ФЕНИКС  76-95
ВАРДАР – ЧАИР  60-102
ГОСТИВАР – ОХРИД  108-86
0диграно претходно
МЗТ СКОПЈЕ А. – РАБОТНИЧКИ 91-95
ФМП АКАДЕМИЈА – ТФТ 62-90

ТАБЕЛА: Еуро Никел 27 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 27, Работнички 26, Пелистер 25, Чаир 25, ТФТ 24, Феникс 24, Гостивар 20, Академија ФМП 18, Кожув 18, Охрид 18, Вардар 18.