Екипата на Њукасл обезбеди пласман во осминафиналето на ФА купот откако вечерва во дуелот од 4.коло од ова натпреварување како гостин го победија Фулам со 2:0.

За домаќинот Фулам, ова е втора елиминација од куп натпреварите за четири дена откако во средата беа елиминирани од Ливерпул во Лига купот на Англија.

Њукасл поведе во 39.та минута со голот на Шон Лонгстаф, а конечните 2:0 ги постави Дан Брн во 61.та минута.

Ова беше еден од дуелите на кои играа премиерлигашите меѓусебе.

Пласман во осминафиналето досега обезбедија: Њукасл, Манчестер Сити, Бурнемут, Брајтон, Лутон, Лестер и Маидстон.

Повотрени мечеви ќе се играат меѓу: Шефилд В. – Ковентри, Челзи – Астон Вила, Бристол Сити – Нотингем Форест и Лидс – Плимут.

Утре се играат натпреварите:
ВБА – Вулверхемптон,
Вотфорд – Саутемптон,
Ливерпул – Норвич
Њупорт – Манчестер Јунајтед.

Во понеделник се игра дуелот Блекбурн – Врексам.