Фудбалерите на Аталанта ја потврдија фаворитската улога во дуелот против Удинезе.

Во натпреварот од 22.коло на Серија А, тимот на Аталанта пред своите симпатизери го победија Удинезе со 2-0 .

Целата работа домаќините ја завршија уште во првиот кога ги постигнаа двата гола.

Во 33.минута Миранчук го постигна првиот, а во 45-тата Скамака зголеми на 2-0.

Со новите бодови и вкупно 36, Аталанта сега ја мина Фиорентина (34) на 4.место на табелата. Тимот на Фиорентина утре го пречекува Интер во меч од оваа рунда.

Standings provided by Sofascore