На терените во НБА се одиграа уште осум натпревари, а два беа решени во последната секунда. Атланта ги совлада Орландо , а Портланд беше подобар од Бруклин.

Драматично беше во Атланта, каде Хокс победија против Орландо Меџик со 106:104. Херој на натпреварот беше Дежон Мареј кој со звукот на сирената погоди за победа. Мареј го предводеше својот тим со 26 поени, пет скока и пет асистенции, додека најдобар играч на Орландо беше Паоло Банчеро со 26 поени.

Без малку на идентичен начин заврчи и дуелот меѓу Портланд и Бруклин во кој се радуваа домаќинит.

Ентони Сандер погоди на 2.десетинки до крајот и му донесе победа на својот тим со 105:103. Џерами Грант ги предводеше „Блејзерси“ со 30 поени и осум скока, додека Микал Бриџис беше најдобар играч на „Нетс“ со 21 поен.

Дербито се одигра во Лос Анџелес каде Лејкерси го совладаа Далас со 127:110. На Далас не му помогна ниту трипл-даблот на Лук Дончиќ од 33 поени, 13 скока и десет асистенции. Д’Анџело Расел беше најдобар стрелец кај Лејкерси со 29 поени, а го следеше Ентони Дејвис со 28 поени, 12 скока и девет асистенции.