Екипата на Барселона, е седмиот четвртфиналист во фудбалскиот Куп на Шпанија.

Очекувано каталонскиот тим славеше победа на гостувањето кај трето лигашот Унионистас со 3:1.

Иако изненадувачки домашниот тим прв поведе преку Гомез во 31.минута, во продолжението Барса направи пресврт.

Феран Торес во последната минута од првиот дел (45) израмни на 1:1.

Французинот, Кунде со прекрасен гол во 69-тата го најави триумфот. 20-годишниот Алехандро Балде во 73-тата ја потврди победата и пласманот на Барса во следната рунда.

Пласман во четвртиналето веќе обезбедија: Севиља , Атлетик Билбао, Мајорка, Селта Виго, Р. Сосиедад и Џирона.

Последниот патник во четвртфиналето ќе го дознаеме вечерва, отдтако во Мадрид, Атлетико и Реал ќе го одиграат градското дерби.