Женската јуниорска репрезентација на Македонија, за одбојкарки до 18 години, со пораз го почна настапот во квалификациите за Европските шампионат 2024-та. Младите македонски одбојкарки се во Софија каде се игра еден од петте квалификациски турнири.

Во 1.коло од А групата, Македонија загуби од Турција со 3:0 во сетови.

Во првиот сет нашите јуниорки беа рамноправни до 7-7, по што противничките ја презедоа контролата на играта и резултатот. До крајот на сетот жолто-црвените освоија само уште седум поени, па Турчинките го добија сетот со 25-14.

Речиси иста слика и во следните два сет.

Македонските одбојкарки беа рамноправни до средината на вториот кога резултатот беше нерешените 13-13. Следуваше серија противничките од 8-0, а сетот Турчинките го добија со 25-15.

Рано противникот го реши третиот сет уште во првата половина. По нерешените 5-5, Турција се одлепи на 12-5 што се покажа како недостижно за нашите одбојкарки, па и повој сет заврши со резултат 25-15.

Утре нашите јуниорки ќе играат против Србинките во терминот од 15 часот.