Македонските ракометари го завршија својот настап на Европското првенство.

Очекувани беа убедливите порази од фаворитите, олимпискиот шампион Франција и домаќинот Германија,

Сепак во мечот во кој и по ждрепката се надевавме на успех, избраниците на селекторот Кирил Лазаров покажаа карактер. Славеа заслужена победа неговите избраници над Швајцарија и на крајот завршија како 17-то рангирани во конечниот поредок.

Пред Македонија првенството го завршија Шпанија, Црна Гора, Чешка и Полска.

Зад црвено-жолтите завршија уште седум репрезентации.