Македонските ракометари пристигнаа во арената „Мерцедес бенц“ каде вечерва го играат вториот натпревар на Европското првенство.

Црвено-жолтите ги чека тешка задача во дуелот со фаворизираната домашна селекција на Германија.

Јасно дека Германците ќе имаат огромна поддршка од трибините бидејќи влезниците за овој натпревар се многу одамна распродадени.

Но, голем дел од оние 14.800 гледачи секако ќе бидат и Македонците кои живеат и работат во Берлин, но и другите градови во Германија.