Популарното „Ел Класико” нé очекува во финалето на шпанскиот Суперкуп. Исто како и минатата година во Суперкупот така и годинава ќе се сретнат Реал Мадрид и Барселона. Дали Реал ќе се реваншира за минатогодишниот пораз или Барса ќе ја задржи титулата во шпанскиот Суперкуп?

Веченито дерби ќе биде многу важно за двете екипи. Секое „Ел Класико” има посебно значење, а ова значи Суперкуп круна. Победа на овој натпревар не значи само тоа за вечните ривали.

Реал Мадрид сака реванш за лани

За екипата на Карло Анчелоти, освојувачот на Копа Дел Реј победа на овој натпревар ќе значи потврда за успех до сега во сезоната. Реал и покрај толку многу повреди игра одлично, игра ефикасно и е лидер во Ла Лига и имаше 6 од 6 во групната фаза на Лигата на Шампионите.

Предводени од Џуд Белингам , Феде Валверде, Винициус, Карвахал, Реал Мадрид сезонава е скоро без грешка. Само еден пораз во оваа сезона од екипата на Атлетико Мадрид, кој беше противник на Реал во полуфиналето. За потсетување „кралевите” го добија првото лигашко „Ел Класико” по индивидуалната брилијантност на Џуд Белингам. Победа би значело 13-ти Суперкуп на Шпанија, а исто трофеј би можело да ја подигне довербата на Кепа Аризабалага кој е мета на критики по натпреварот со Атлетико.

Барселона е бранител на трофејот во Суперкупот, но и Ла Лига

Сезонава Барса ја има загубено магијата од минатата сезона. Дел од таа кривица може да се препише и на повредите, но поголем дел оди во рацете на Роберт Левандовски и неговата неефикасност. Барса сезонава многу често испушта лесни шанси за голови. Во полуфиналето против Осасуна, со победата од 2:0 Барселона прв пат победи со повеќе од еден гол, после 16.09 кога со 5:0 триумфираа над Реал Бетис.

Во пролетниот дел од Лигата на Шампионите ќе играат после пауза од две сезони и тоа може да се земе како позитивен дел од оваа сезона.

Одбраната е многу „климава“ и тоа го покажува фактот што Барса има примено 30 гола сезонава во сите натпреварувања.

Иако беа подобар противник во првото „Ел Класико“ беа поразени од младиот Англичанец Белингам.

Овој трофеј би бил 15ти во шпанскиот Суперкуп за Барса и би бил мотив за Чави и компанија да продолжат со кренати глави и да дадат се од себе до крајот на сезонава.

Дали 14-та победа за Реал или 15-та за Барса ќе се дознае вечер. Многу карти се спремни за одигрување и многу работи зависат од резултатот на ова финале.

Дуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона се игра во Ријад, Саудиска Арабија, а ќе почне од 20 часот.

Андреј Велјаноски