Македонските ракометари вечерва го играат вториот натпревар на Европскиот шампионат. Противник е домаќинот селекцијата на Германија.

Тие важат за фаворити во мечот со црвено-жолтите, но од нашиот табор најавуваат голема борба.

Филип Кузмановски одлично ги познава противниците имајќи в предвид дека тој до неодамна настапуваше во Бундес лигата.

„Ги познавам сите играчи, со некои од нив сум играл и заедно. Знам што нè очекува.

Можам да ветам борбена и квалитетна Македонија.

Франција е поквалитетна од Германија, но Германците секогаш даваат сè од себе за репрезентацијата“,

изјави Кузмановски.

Дуелот меѓу Македонија и Германија ѓто ќе се игра во „Мерцедес бенц“ арената ќе започне од 20:30 часот.