Каталонскиот тим сосема заслужено дојде до титулата во шпанскиот Супер Куп, откако целосно го надигра најголемиот ривал, тимот на Реал Мадрид.

Избраниците на Чави едноставно повеќе ја посакуваа победата, покажаа повеќе и со головите на Гави, Лавандовски и Педри дојдоа до убедлива предност од 3-0.

До крајот на мечот, Карим Бензема во судиското надополнување само успеа да ја намали, за конечни 3-1. 

За Барселона ова е 14-ти трофеј во шпанскиот Супер Купот на Шпанија.