Атлетик Билбао го доби дербито на Баскија против Реал Сосидедад. Со победа од 2:1 над вечните ривали Атлетик Билбао фаќа приклучок во ТОП 4-те во Ла Лига.

Атлетик покажа поголема желба за победа од самиот старт. Со двата гола на Алекс Беренгуер поведе и имаше комотно водство на полувреме. Головите беа постигнати во 30-та и 42-та минута.

Во второто полувреме се виде поголема борба од страна на Сосиедад. Повеќе напаѓаа и беа покомплетни. Сето тоа резултираше со само еден гол кој не беше доволен да се вратат во игра. Ојазабрал во 87-та минута беше стрелец на голот.

Атлетик Билбао со триумфот доаѓаат до 3.та позиција и 41 бод во Премиера. Реал Сосиедад пак со 32 бода е на 6.та позиција во Ла Лига.

Андреј Велјаноски