По четири последователни натпревари без победа, екипата на Борусија Дортмунд славеше над последнопласираниот Дармштад во гости со 2:0.

Џулијан Брант одлично се снајде во противничкиот шестнаесетник и му донесе предност на гостинот од 1:0 во 24-тата минута.

Во првиот натпревар по враќањето во Дортмунд, Џејдон Санчо прекрасно асистираше за вториот погодок на Дортмунд, кој го постигна нововлезениот Марко Ројс (77-та минута).

Конечните 3:0 ги постави младиот Јусуфа Мукоко во втората минута од судиското надополнување (90+2).

Со оваа победа, избраниците на Един Терзиќ се избија на петтата позиција на табелата со 30 освоени бодови.