Аталанта е шестиот тим кој обезбеди пласман во четвртфиналето на италијанскиот фудбалски куп.

Ова откако попладнево во Бергамо пред своите симпатизери Аталанта го победи Сасуоло со 3-0 во дуел од осминафиналето.

Младиот Холанѓанец, Шарл Де Кетелар беше стрелец на двата гола. Првиот го постигна во 24-тата, а вториот во 63-тата минута. Десет минути подоцна Русинот, Алексеј Миранчук зголеми на 3-0. Во судиското дополнение почесниот гол за гостите го постигна Даниел Болока.

Аталанта за противник во четвртфиналето ќе го има Милан. Победникот од тој натпревар во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Болоња – Фиорентина.

Вечерва пак Лацио ќе го дознае својот противник за четвртфиналето. Можна е голема римска пресметка доколку Рома ја потврди фаворитската улога против Кремонезе во мечот што ќе почне од 21 часот.