Антонио Рудигер е првиот херој на Реал Мадрид во новата 2024 година. Потешко од очекувањата Реал триумфираше со 1:0 против Мајорка во дуелот од 18.коло на Ла Лига.

Првиот дел помина доста мирно. И Реал и Мајорка си имаа свои шанси. Најголемата шанса за Реал ја имаше Винициус по феноменален дриблинг, а пак Мајорка ја имаше пред крајот на првиот дел по ударот на Антонио Санчез.

Во второто полувреме Реал превзеде контрола во свои раце. „Кралевите” беа подоминантни и тоа резултираше со гол. Антонио Рудигер беше стрелец во 78-та минута. Со тој гол Реал дојде до прв триумф во 2024 година.

Реал Мадрид е лидер во Премиера со 48 бода по 19 кола. Мајорка пак со 18 бода е на 14-то место во шпанската Ла Лига.

Андреј Велјаноски

Standings provided by Sofascore