Јан Херл победи на третиот натпревар од 72-то издание на новогодишната турнеја „Четири скокалници“. На задоволство на домашната публика, Авсртиецот, собра најмногу бодови од судиите на скокалницата во Инсбрук.

Херл оствари скокови од 134 метри во првата и 127.5 метри во втората серија, a тоа беше доволно да собере вкупно 267.5 поени од судиите.

Со 8,8 бодови помалку втор заврши Јапонецот, Кобајаши, додека трет заврши Словенецот, Кос.

Сепак Јапонецот, Кобајаши остана лидер во генералниот поредок на турнејата. Зад него се Германецот, Андреас Велингер, денешниот победник Херл сега е трето рангиран.

Турнејата завршува на 6 јануари (сабота) со скоковите во Бишесхофен.